за Слоу Фуд


Слоу Фуд е глобална организација која е распространета низ 140 земји, кои сите заедно го поврзуваат задоволството од добра храна и нејзината традиција. Слоу Фуд е непрофитабилна организација која е основана во Италија уште во 1989 со цел да се спротистави на брзата храна и на неквалитетниот начин на исхрана и повторно да ја врати традицијата на храната, уметноста и музиката.

Денес Слоу Фуд брои преку 100.000 членови, кои членуваат во 1300 конвивиуми, односно 2000 мрежи на заедници за спора храна. Во својата борба за зачувување на традицијата Слоу Фуд стои на раскрсницата помеѓу екологијата и гастрономијата, етиката и задоволството.