Конвивиум Водно


Заинтересираноста на младите за да ја одржат традицијата придонесе до тоа да се формира конвивиумот “ВОДНО” кој беше подржан и помогнат од професорките во средното угостителско училиште “Лазар Танев” Стефановска Василка и Мострова – Јованова Анета. Со многу бројните активности во склоп на конвивиумот Шарпланинска, ние младите стекнавме искуство кое решивме да го искористиме преку посебен конвивиум, со цел да го продолжиме она што го започнале нашите предци. Нашата мисија не се состои само од теоретски предавање, започнуваме еден тежок процес, со кој ќе успееме да ставиме крај на брзата храна и на јадењето од нога. Ние ви нудиме еден поинаков начин, со што ќе придонесеме до разоткривањето, заштитата и промоцијата на традицијата, односно на идентитетот на народот на нашата земја. Присетете се на зелник, тавче гравче и сарма, и колку убаво ги подготвуваше вашата баба. Придружете ни се, да се навратиме повторно во старите времиња и заеднички да ја зачуваме традицијата.